| четврток, 6 декември 2018 |

Едногодишно дете преживеало пад од 11. кат

musa.jpg500
Едногодишниот Муса Дајиб од Минеаполис преживеал пад од 11. кат, откако пропаднал низ ограда на тераса.

Како што јавија локалните медиуми, детето се здобило со две скршеници на раката и е ставено на апарат за дишење. Се очекува дека ќе преживее бидејќи, како што изјавил неговиот лекар, тој е сè уште малечок, а местото на кое паднал било меко. Децата, како што објаснил, се поеластични од возрасните и потешко им се кршат коските. Возрасен човек, според него, во случајов, сигурно би загинал.
Абдиризак Бихи, активист на сомалиската заедница во Минеаполис, на која ѝ припаѓал малиот Муса, изјавил дека повеќе е загрижен за родителите, отколку за бебето. Тие, наводно, не можеле да зборуваат од шок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top