| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина домашни и 18 интернационалци на списокот на Бошко Ѓуровски

Квинтетот од 5 фудбалери од домашното првенство во кој Работнички има најмногу играчи, тројца, и дури 18 интернационалци се на списокот на селекторот Бошко Ѓуровски за пријателските дуели на Македонија со Камерун и со Катар.

Со африканската селексција ќе играме во Куфштајн, Австрија на 26 мај, а 4 дена подоцна во италијснакиот Риети ќе ги одмериме силите со Катар.

Дресот со националните обележја за првпат ќе го носат екстра-талентот на Работнички, Тауљан Сулејманов, кој веќе потпиша за Јанг Бојс, Бесарт Абдурахими од Хапоел Тел Авив и голманот на Металург Андреа Ефремов.

Останатиот дел од составот што го сочинуваат 23 фудбалери се проверени интернационалци и искусни играчи.

Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Андреа Ефремов (Металург)

Одбрана: Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија), Александар Тодоровски (Штурм, Австрија), Горан Попов (ВБА, Англија), Адријан Цуцули (Шкендија), Ванче Шиков (Волин, Украина), Бобан Грнчаров (Таврија, Украина), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Кире Ристевски (Славија Софија, Бугарија)

Среден ред: Стефан Спировски (Берое, Бугарија), Ферхан Хасани (Брондби, Данска), Агим Ибраими (Калјари, Италија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија), Тауљан Сулејманов (Работнички)

Напад: Иван Тричковски (Беверен, Белгија ), Бесарт Абдурахими (Хапоел Тел Авив, Израел), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина), Баже Илијоски (Работнички), Крсте Велковски (Сараево, БиХ), Борче Маневски (Работнички).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top