Борче Маневски доби повик за настап во репрезентацијата на Македонија и ќе биде дел од националниот состав за пријателските средби со Камерун на 26 мај и со Катар четири дена подоцна.
Маневски е еден од клучните играчи на Работнички и со голови им помогна на „романтичарите“ да ја освојат двојната круна, односно титулите и во националниот куп и во домашното првенство.
– Ова е големо признание за мене. Ќе дадам сѐ од себе да потврдам дека повикот за настап во репрезентацијата е заслужен – ни изјави Маневски.
Со Камерун ќе играме во Куфштајн, Австрија, а со Катар натпреварот ќе се игра во Риети, Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.