| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на гигантското ЕУ знаме (фото)

Schuman Parade in Warsaw

фото: ЕПА

Младите луѓе отвораат огромно знаме направено од знамињата на земјите-членки на ЕУ. Тие се дел од „Шуман парада” во Варшава. Парадата која се оддржа вчера, 10 мај  е организирана од страна на Роберт Шуман Фондација и е дел од прославата на „Денот на Европа“ на 9 мај. Меѓу другите знамиња, се најде и македонското знаме, а Македонија доби кандидатски статус, но сѐ уште нема датум за преговори за членство во ЕУ.

На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на, со војните разурнатиот и поделен, континент. Предлогот, попознат како Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на она што денес го знаеме како Европска Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top