| четврток, 6 декември 2018 |

Избрано идејното решение за ресторанот „Езерце“ (фото)

Архитектонскиот труд на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев победи на Конкурсот на избор на идејно решение за ресторанот „Езерце“, кој е предвидено да се гради на постоечките руини во Градскиот парк во Скопје. Во конкуренција на 25 идејни решенија, одбрана е солуцијата за реализација на две залепени школки, со која се предвидува изведба на ѕид од стакло што ќе овозможи комуникација на посетителите со паркот.

Ezerce spz 01

Објектот треба да биде потонат во земја за да дојде до нивото на езерцето. Жири комисијата одлучи дека идејното решение ги почитува постоечките структури, како што се дел од железничката станица, познатото вовче Ќиро и дел од некогашниот летен шанк.

Ezerce spz 05Идентично како и за изборот на идејно решение за основното училиште во Капиштец, општина Центар ќе организира изложба на која граѓаните ќе може да се запознаат со сите пристигнати трудови на конкурсот.

Извор: Буилд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top