Македонската одбојкарска репрезентација со максимална победа од 3-0 против Азербејџан ги почна претквалификациите за настап на Европското првенство во 2015 година.
Разликата во квалитет на мечот во Струмица беше очигледен во корист на домаќините, а во сите три сета Азербејџан не успаеа да стаса до границата од 20 поени. Во првиот сет Македонија беше подобра и го доби со 25-15, резултат со кој го добивме и третиот сет, а најмногу поени, 17, гостите освоија во вториот сет.
Претходно Шведска со идентичен резултат, 3-0, ја победи Грузија. Утре Македонија ќе игра со Грузијците, а задутре играме против Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.