Металург неочекувано лесно го победи Вардар со девет гола разлика, 30-21 и ја врати титулата во Автокоманда. Во најзначајниот меч на домашната сцена во оваа сезона, „сините“ беа апсолутно подобри и заслужено слават.
Триумфот значи и сигурен настап на Металург во Лигата на шампионите, а Вардар, веројатно, ќе треба низ квалификации да се избори за втор настап едноподруго во елитното натпреварување.
Славењето во гардеробата на Металург беше големо, а со колкава разлика победија домашните покажаа и сликовито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.