Манчестер сити ја победи Астон Вила со 4-0 и е на само еден бод до освојување на титулата во Премиерлигата во Англија. Џеко со два гола и Туре и Јоветиќ со по еден прецизен удар донесоа многу радост вечерва во синиот дел од градот, кој очекува нов трофеј.
За сигурно освојување на титулата на Сити му треба победа против Вест Хем во последното коло, или реми и притоа Ливерпул да не го совлада Њукасл со 13 гола разлика. Избраниците на Мануел Пелегрини имаат 83 бода и многу подобра гол-разлика од единствениот ривал Ливерпул, кој е второпласиран со 81 бод.
Вечерва се славеше и во Сандерленд, каде „црните мачки“ со 2-0 го победија Вест Бромвич Албион и се изборија за опстанок во елитата. Речиси сигурно испаѓа Норич, заедно со Фулам и Кардиф, бидејќи „канаринците“ имаат пред себе невозможна мисија во последното коло. Норич ќе игра со Арсенал и треба да победи со 15 гола разлика, а притоа ВБА да загуби од Стоук на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


