| четврток, 6 декември 2018 |

Трета титула во националниот куп за Работнички

Фудбалскиот клуб Работнички ја освои третата круна во националниот куп на Македонија со победа во финалето против Металург.

Борче Маневски со удар од белата точка во 45 минута им донесе предност на „романтичарите“ од 1-0, а Петар Петров во третата минута од судиското продолжение донесе голема радост со прецизен удар за победа од 2-0.

Металург речиси цел час играше со фудбалер помалку, по исклучувањето на Оливер Пеев. Во 32 минута играчот за врска на металурзите без топка го удри Селејманов и доби директен црвен картон.

Ривалот ја искористи бројчаната предност и со два гола во финишот на двете полувремиња стаса до трет трофеј. Работнички има шанса да ја освои и двојната круна како лидер на табелата и во домашниот шампионат. Тимот од Дебар Маало на две кола до крајот има 59 бода, два повеќе од Турново и три од Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top