| четврток, 6 декември 2018 |

Видиќ се прости од Манчестер Јунајтед

Капитенот на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ вчера го одигра последниот натпревар на „Олд Трафорд“ против екипата на Хул.

Пред почетокот на мечот доби подарок од клупската легенда Боби Чарлтон, а по завршувањето на натпреварот им се обрати на навивачите.

– Пред се ви се заблагодарувам во име на сите играчи. За мене беше неповторливо искуство што воопшто бев дел од овој клуб. Тешко ми е сега да говорам кога сум преплавен од емоции. Благодарност до играчите, менаџерот, сите луѓе со кои работев, навивачите. Вие бевте фантастични во текот на сите овие години – рекол Видиќ.

Немања Видиќ во Манчестер јунајтед пристигна во 2005 година за седум милиони фунти од московски Спартак, а како централен дефанзивец на „црвените ѓаволи”, Видиќ освои 15 трофеии, одигра 299 натпревари и постигна 21 погодок.

Српскиот интернационалец од 1. јуни кариерата ќе ја продолжи во Интер.

bc460c0f-071d-46a1-b6ff-7f348f722ec7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top