| четврток, 6 декември 2018 |

За Видиќ пристигнаа понуди од Галатасарај и САД

Српскиот дефанзивец Немања Видиќ е се поизгледно дека ќе ги напушти редовите на Интер ова лето. Од порано е познато дека тој и тренерот Роберто Манчини не се во најдобри односи, а италијанскиот стратег најави дека ќе се обиде да се ослободи од Видиќ во летниот преоден рок.
Видиќ веќе доби две понуди од Волфсбург и Евертон, но експресно ги одби и сега се очекува да се обиде да најде нов клуб.
За него најзагреан е турскиот гигант Галатасарај, но на адресата на Видиќ пристигнале и неколку понуди од клубови од САД.
Во Галатасарај веќе се пресели неговиот соиграч од минатата сезона Лукас Подолски и се очекува и тој да тргне по неговите стапки и да заигра во се посилната лигата во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top