| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата не се заборава, Манчестер јунајтед му го честиташе роденденот на Немања Видиќ

nemanja vidic

Почитувањето и понатаму е тука и постои. Дефанзивецот на Интер, српскиот интернационалец Немања Видиќ денеска го слави својот 34.роденден, а Манчесетер јунајтед на својот поранешен капитен му посака сè најдобро.
Видиќ на „Олд трафорд“ помина фантастични осум години, пред да премине во Серија А . Во дресот на „црвените ѓаволи“ со своите пожртвувани и храбри игри си го заслужи легендарниот статус.
Во дресот на Манчестер освои сè што се може, вклучувајќи ги петте титули во Премиерлигата, Лигата на шампионите, три лига-купа и светската клупска титула.
Без разлика на долгиот период што го помина во црвениот дрес, многу навивачи сметаат дека прерано си заминал од клубот. Тоа е затоа што немаше добар однос со тогашниот менаџер Дејвид Мојес, кој недоволно го ценеше неговото залагање.
Заедно со Рио Фердинад важат за една од најдобрите одбранбени двојки во историјата на фудбалот.

Секако, роденденот му го честита и сегашниот клуб Интер, кој најверојатно ќе го напушти во јануарскиот преоден рок.

nemanja vidic 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top