Дефанзивецот на Интер, Немања Видиќ, порача дека неговиот клуб мора да го совлада градскиот ривал, екипата на Милан во неделното дерби во рамките на Серија А.
Видеќ моментално не игра во неговата најдобра форма, а покрај него и целиот тим на Интер игра слабо, па затоа српскиот фудбалер посакува победа во градското дерби.
– Ова се натпревари во кои секогаш сакаш да победиш, без оглед на сѐ. Со нетрпение сакам да ја почуствувам таа атмосфера бидејќи ваквите натпревари се секогаш возбудливи. Одлично е да се игра поради навивачите на двата тима – изјави Видиќ.
На клупата повторно ќе седне Роберто Манчини, кој неодамна го замени Валтер Мацари.
– Имавме неколку натпревари еден против друг, а тој доби неколку. Генерално работеше добро во Сити, навивачите го паметат како еден од најдобрите тренери, не само поради тоа што им донесе титула по толку години – додаде Видиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим