| четврток, 6 декември 2018 |

Видиќ се враќа во Спартак Москва

Според пишувањата на италијанските медиуми, српскиот фудбалер Немања Видиќ повторно ќе го облече дресот на Спартак од Москва во кој ќе го одигра вториот дел од сезоната како позајмен играч. Се очекува потписот на договорот да биде ставен во текот на оваа недела.

Доколку тимот од Москва биде задоволен од соработката со Видиќ ќе има можност да го откупи тригодишниот договор од Интер за четири милиони евра.

На Спартак му се потребни засилувања на сите позиции доколку сака да се вклучи во трката за местото кое води во Лигата на шампиони.

Видиќ за Спартак играше од 2004 до 2006 година, каде запиша 39 настапи и четири гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top