| четврток, 6 декември 2018 |

Сигурни победи на Вардар и Металург

Во машката ракометна Супер лига попладнево беа одиграни два натпревари, во кои фаворитите за шампионскиот трофеј Вардар и Металург остварија сигурни победи во дуелите со Пелистер и Тинекс Пролет.

Во спортската сала „Младост” во Битола, каде екипата на Пелистер го пречека Вардар, во натпревар од 4.коло, шампионот Вардар славеше очекувана победа со 28:24 полувреме 14:10 за црвено-црните. По пет голови за шампионот постигнаа Марковиќ и Душебаев, а исто толку за Пелистер реализираа Дешовски и Чурлевски.

Во Автокоманда, каде се одигра средбата од 7.коло, Металург очекувано славеше убедлива победа во дуелот со Тинекс Пролет со 33:18.

Веќе во четврток од 17:45 часот, Металург и Вардар ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел кој може да решава за шампионскиот трофеј. Првиот натпревар го добија црвено-црните со еден гол разлика 25:24.

Со овие победи Вардар и Металург го симнаа Зомимак М од првото место на табелата. Сега сите три екипи имаат по 12 бодови, но Вардар од четири, Металург од шест, а струмичани од шест одиграни натпревари.

Табела: Вардар 12 бодови (4 натпревари), Металург 12 (5), Зомимак М 12 (6), Пелистер 9 (5), Тинекс Пролет 3 (6) и Металург Јуниор 0 (6)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top