| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Одеса почна со ослободување на уапсените проруски активисти

Полицијата во Одеса денеска почна да ослободува проруски активисти, уапсени во судирите пред два дена, соопшти прес службата на градската управа на МВР, пренесува ИТАР-ТАСС.

Претходно над 2.000 проруски активисти упаднаа во градската управа на полицијата во Одеса. Демонстрантите ја пробиле главната капија со два камиони и влегле во дворот на управата.

Тие барале да бидат ослободени уапсените на 2 мај приврзаници на федерализацијата, што биле уапсени додека бегале од опожарената синдикална зграда во градот.

Демонстрантите бараа и оставка на гувернерот на областа Владимир Немировкси, нарекувајќи го „убиец“ и обвинувајќи го за пожарот и судирите во центарот на Одеса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top