Манчестер јунајтед конечно успеа да направи успех оваа година, откако си обезбеди 1/16 финале во ова натпреварување. Хенрик Мхитаријан го скрши отпорот со својот гол во 48-та минута и му донесе голема радост на тимот од „Олд трафорд“ а Златан Ибрахимовиќ само ја потврди победата во 88-та минута.
Првата шанса на мечот ја имаше Пол Погба во 18-та минута, но неговиот удар беше непрецизен, а во 36-та минута Караваев беше неуспешен да постигне погодок. Тоа што не му успеа на Погба, му успеа на Хенрик Мхитаријан. Ерменецот направи одлична соло-акција и биеше неодбранливо кон голманот Левченко.
До крајот на мечот, Манчестер јунајтед имаше одлични шанси преку Фелаини и Ибрахимовиќ, а Швеѓанецот на две минути пред крајот на мечот постигна погодок и го постави конечниот резултат 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)