Најмалку 14 лица загинаа при потонување на мал брод во водите на Црното Море во близина на украинскиот град Одеса.
Како што соопшти гувернерот на Одеса, Михаил Саакашвили, на бродот имало „не повеќе од 37 лица“.
Сакашвили истакна дека преоптоварениот брод, се оддалечил од пристаништето и со тоа ги нарушил правилата, бидејќи екипажот немал дозвола да го користи пристаништето.
Како што јави ТАСС, гувернерот додаде дека претставниците на украинската служба за гранично обезбедување знаеле за тоа.
– На бродот имало 37 лица, што е апсолутно недозволиво. За тоа не биле известени државните служби. Меѓу службите нема никаква координација – рече Саакашвили.
Саакашвили смета дека главна причина за трагедијата е недостиг на ред во сертификацијата и координацијата меѓу поединечни служби на пристаништето.
Тој нагласи дека непрецизните информации за бројот на загинатите се должи на недостигот на листа на патници.
Раководителот на владината комисија за истражување на несреќата, украинскиот вицепремиер Генадиј Зубко, изјави дека технички на бродот не смеело да има повеќе од 12 лица.
Капетанот на бродот е приведен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.