31-годишниот маж им ги отсекол главите на 42-годишната жена и нејзината 2-годишна ќерка во едно село во Одеса, а потоа запалил две куќи и побегнал. Полицијата објавил негова фотографија, но не и неговото име. Жената на која и ја отсекол главата е сестра на локален даночен службеник, пренесуваат медиумите.
Убиецот се обидел да побегне возејќи камион со голема брзина, но полицијата го блокирала патот. Кога сфатил дека патот е блокиран, возачот на камионот побегнал пешки во полето, а камионот останал заглавен. Се криел во напуштена куќа, додека полицијата не го пронашла.
Димитри Говолин, началник на полицијата во Одеса, рекол дека убиецот планирал да го копира начинот на нападот во Берлин и да изведе сличен во Одеса.
Алонја Војтенко, портпаролка на полицијата во Одеса, вели дека уапсениот се заканувал со напад велејќи дека “Одеса ќе плаче”.
“Ќе влетам со камион во градот”, се заканувал осомничениот, рекла таа.
Не е познато зошто ги убил своите жртви, како ни мотивот поради кој планирал да гази луѓе со камион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак