| четврток, 6 декември 2018 |

Мечот Зорја – Манчестер јунајтед пред одложување, целосно е замрзнат теренот во Одеса (видео)

cernomorec

Манчестер Јунајтед вечерва (19ч.) треба да ги одмери силите со украинска Зорја во Лигата на Европа, но постои голема веројатност дека натпреварот ќе биде одложен. Теренот на стадионот во Одеса на кој треба да се одигра натпреварот е потполно замрзнат и невозможно е да се игра на него.

Изминатата ноќ тревната подлога целосно била покриена сè со цел да се покачи температурата и стадионот да има услови за одржување натпревар.

– Теренот е тврд и целиот е покриен со лед. Мислам дека УЕФА ги знае условите на терените во Украина во декември. Ако се загрижени за ниски температури тогаш не треба да се закажуваат натпревари во најстудениот период во Источна Европа.Премногу е ладно. Знам дека не можат да направат чуда, но да се надеваме дека ќе биде во ред до вечер – вели Жозе Мурињо.

Делегатите на УЕФА пред почетокот на натпреварот ќе одлучат дали има поволни услови за одигрување.


UTDVIDEO by goloviliga

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top