Македонскиот интернационалец во редовите на Наполи Горан Пандев се закити со нов трофеј петти во италијанскиот фудбалски куп.
Наполи вечерва го совлада тимот на Фиорентина со 3-1 во натпревар кој требаше да започне во 20.45 часот, но поради нереди меѓу навивачите и полицијата пред почетокот на натпреварот, тој беше одложен повеќе од 30 минути.
Сепак наполитанците и покрај тоа што не сакаа да се одигра натпреварот се радуваа на успехот на нивните миленици и заслужено ќе слават долго во ноќта. Натпреварот се одигра во Рим.
Стрелци за Наполи беа Инсиње во 11 и 17 минута и Мертенс во судиското продолежние од мечот. Единствениот гол за „виолетовите“ од Фиренца беше Варгас во 28 минута.
Горан Пандев влезе во игра во 70 минута на местото на Игуаин и се покажа во одлично светло котролирајќи ја топката и со прецизни додавања создаваше шанси за своите соиграчи.
Со овој куп за Наполи Пандев сега брои пет, по два со Интер и Наполи и еден со Лацио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.