Драмата во полуфиналето на купот на Италија помеѓу Лацио и Милан синоќа ја решија пеналите, а посреќни беа гостите кои славеа со 5-4 на Олимпико и изборија финале со Јувентус на 9.мај.
Пеналите дојдоа откако напаѓачите на двата тима не постигнаа ниту еден гол на двата полуфинални меча и откако и по 120 минути игра немаше промена на резултатот.
Триумфот на „росонерите” им го донесе Алесио Ромањоли со погодокот во седмата серија, на другата страна трагичар за Лацио беше Рамос Марчи, кој го промаши последниот пенал за својот тим.
Јувентус ќе го игра 18. финале и има 12 трофеи додека за Милан ова ќе биде 14-то финале и битка за 6.трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.