| четврток, 6 декември 2018 |

Сандерленд си поигрува со англиските големци, „црните мачки“ го преслушаа и Манчестер јунајтед

Сандерленд прави чуда и ита кон опстанокот во Премиерлигата, а до сигурната зона „црните мачки“ стасаа со успеси против големците во Англија. По победата над Челси и ремито со Манчестер сити на гости, денеска Сандерленд славеше и против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.

Себастијан Ларсон со гол во првиот дел го одлучи мечот и го остави Јунајтед без европски настап. По денешните дуели од 37. коло познато е дека Кардиф и Фулам ќе играат во Чемпионшип од следната сезона, а сериозен кандидат да им се приклучи е и Норич.

Манчестер јунајтед со 60 бода е на седмата позиција и речиси и да нема шанси за настап во квалификациите за Лига Европа.

Резултати: Манчестер јунајтед – Сандерленд 0-1, Њукасл – Кардиф 3-0, Стоук – Фулам 4-1, Свонси – Саутемптон 0-1, Астон Вила – Хал 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top