| четврток, 6 декември 2018 |

Украина: Во Одеса прогласена тридневна жалост

одеса

Украинскиот град Одеса денеска прогласи тридневна жалост поради вчерашните трагични настани во кои животот го загубија неколку десетина лица.

– Трети, 4 и 5 мај се прогласени за Денови на жалост – објави градското собрание на Одеса на својата страница.

Во судири меѓу проруски и антируски групи во црноморскиот пристанишен град вчера загинаа 37 лица, а околу 200 се повредени, соопшти денеска полицијата во Одеса. Меѓу нив се и 22 полицајци.

Полицијата приведе над 130 лица кои учествувале во немирите и покрена 10 кривични истраги, пренесува ИТАР-ТАСС.

Прес службата на украинската Влада соопшти дека кабинетот испратил комисија предводена од првиот вицепремиер Виталиј Јарјом да ги истражи околностите под кои се случиле жртвите во судирите и пожарот во Одеса

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top