Тројца од кандидатите за советници и градоначалници се сомнителни за лустраторите како можни соработници на тајните служби. Членовите на Комисијата за верификација на фактите ќе се изјаснат дали тие три лица биле соработници на тајните служби од идеолошко-политички или од партиски причини.
Комисијата ја исполни обврската и во предвидениот рок ги испрати до Управата за безбедност и контраразузнавање, Државениот архив, Агенцијата за разузнавање и Воената служба за разузнавање при Министерството за одбрана проверените кандидатски листи, односно на 6.339 лица-кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници.
Првпат Комисијата за лустрација е директно вклучена во изборниот процес. Минатите локални избори кандидатите поднесуваа изјави заверени на нотар дека не биле соработници на тајните служби и ги доставуваа во ДИК со оглед дека тогаш Комисијата за лустрација не беше формирана и не функционираше – додава Димитровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)
-
Таравари ќе бара нови локални избори ако не се донесе буџетот на општина Гостивар
-
Заврши прегласувањето во ИМ 2901 во Чаир
-
Груевски: Во Драчево ќе изградиме нова детска градинка, спортска сала и парк во секое маало