Двете црногорски репрезентативки и ќчленки на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ и Ана Ѓокиќ се избрани во дрим-тимот на Лигата на шампионите за изминатава сезона, според изборот во анкетата на ЕХФ. Учествуваа околу 20 илјади лица, а Радичевиќ ја зазеде позицијата десно крило во најдобрата седморка во Европа, додека Ѓокиќ е пик број 1 на позицијата пивот.
Радичевиќ е со убедливо најголем број освоени гласови во изборот, точно 10.886, или околу 60 проценти, додека Ѓокиќ е со 8.265 гласа (45%).
Од вкупно осум ракометарки кои се во изборот, заедно со најдобрата дефанзивка, дури пет се репрезентативки на Црна Гора, по една доаѓа од Германија, од Унгарија и од Бразил.
Еве го составот на дрим-тимот:
Голман: Клара Волтеринг (Будуќност, репрезентативка на Германија)
Лево крило: Мајда Мехмедовиќ (Будуќност, Црна Гора)
Лев бек: Едуарда Аморим (Ѓер, Бразил)
Пивот: Ана Ѓокиќ (Вардар, Црна Гора)
Среден бек: Анита Горбич (Ѓер, Унгарија)
Десен бек: Катарина Булатовиќ (Ѓер, Црна Гора)
Десно крило: Јованка Радичевиќ (Вардар, Црна Гора)
Најдобар дефанзивец: Сузана Лазовиќ (Будуќност, Црна Гора)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.