Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска им ја честита на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски победа на претседателските и парламентарните избори и и порача на опозицијата дека нивното место е во Собранието.
Од ОМД им честитаа на тројцата членови на Парламентот избрани од дијаспората и изразија надеж дека тие ќе работат напорно за соодветно да ги претставуваат непартиските погледи на дијаспората во македонското Собрание, како и да помогнат да се зајакне имиџот на дијаспората меѓу домашното население.
– Македонија му покажа на остатокот од светот дека е посветена на демократскиот процес и уште еднаш покажа зрелост со одржување на мирни и демократски избори со интегритет. Сите институции треба да работат за да се решат проблемите и да се движат напред за доброто на иднината на земјата – рече Стојан Николов од ОМД.
Претседателот од ОМД, Методија А. Колоски ги повика лидерите на опозицијата да гледаат кон иднината, затоа што во демократијата, потребно е опозицијата да обезбеди надзор над владата, а место на опозицијата е во Парламентот преку институционални механизми.
– Бојкотот на претседателските избори од страна на главниот политички блок на етнички Албанци не беше конструктивно, и лошо се одразува врз земјата. Времето за бојкотот е завршен. Пред изборите, ОМД спроведе панел дискусија во Вашингтон во однос на иднината и предизвиците и можностите кои претстојат за Македонија. Меѓу другите, еден од главните предизвици за земјата е етничката политика и политичките партии кои се основани на етнички принципи наместо на идеолошки. ОМД ги повикува македонските лидери да промовираат мултикултурен соживот, и поголема почит кон знамето на Македонија, институциите и благосостојбата. Со оглед на целите на Македонија за влез во евро-атлантските институции, го повикуваме македонското раководство да го зајакне својот случај преку свое ангажирање со актерите во ЕУ и НАТО, како и да ја користат секоја можност да ги претстават стратешките интереси за Македонија да биде што е можно поскоро дел од ЕУ и НАТО – рече директорот на ОМД за Европа, Филип Алтипармаковски.
ОМД е задоволна што правото на дијаспората да гласа беше уште еднаш загарантирано уште еднаш и вторпат за парламентарните избори, а за прв пат за претседателските избори.
ОМД како непартиска, неполитичка и невладина организација, ја повика дијаспората да гласа и да учествува во остварување на ова право преку својата иницијатива АЈДЕ Воте, АЈДЕ Гласајте. Повикува и за реформа на изборниот процес со тоа што ќе дозволи поедноставни процеси за регистрирање за гласачите, како и електронски начин за гласање на дијаспората или преку поштенски гласачки ливчиња, особено во областите каде непостои македонска амбасада или конзулат во непосредна близина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.