| четврток, 6 декември 2018 |

Две залепени школки со ѕид од стакло е новиот изглед на култното „Езерце“

Две залепени школки, со ѕид од стакло на делот кон Градски парк – вака изгледа првонаградениот труд на конкурсот за идејно решение за култниот скопски ресторан „Езерце”, кој го распиша Општина Центар.

ezerce-2

Автори на трудот со шифра „Мезе“ се Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев. Жирито, составено од вработени од Општината и надворешни експерти, констатира дека идејното решение ги почитува постојните структури, како што се дел од железничката станица и познатото вовче „Ќиро” и дел од некогашниот летен шанк.

ezerce-3-564x317

На овој конкурс беа пријавени 25 труда, три повеќе од минатиот конкурс за училиштето во Капиштец. Сега работата е во рацете на Комисијата за јавни набавки од Општина Центар, која треба да изработи тендерска документација за склучување договор за основен проект со првонаградениот. Потоа ќе следува фазата на реализација на проектот.

ezerce-4-564x317

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top