Некогашниот миленик на македонската ракометна публика, посебно на фановите на Металург, Ренато Вугринец, повторно е во Скопје. Овој пат во малку поинаква улога од тоа што сме навикнале да го гледаме, иако не го напуштил ракометот засекогаш.
Ренато Вугринец отвори ресторан бар во Скопје или како што го нарекува „street bar“. Локалот се вика „Food Corner“, а се наоѓа во новата катна гаража, меѓу зградата на Судот и зградата на МРТВ, со поглед кон булеварот, односно факултетот.
Местото е мало и пријатно, храната одлична, кафето врвно, цените пристапни.
-Во Скопје сум како дома, овде минав многу убави моменти и засега планирам да бидам овде. Почнав нова епизода, го отворив овој ’стрит бар’ и мислам дека имам што да понудам. Сега сум на почеток, но во план ми е и кетеринг служба, ’деливери’ служба, кафе за носење веќе имам. Посебен акцент имам на кафето во мојот локал, кафематот и кафето навистина се со висок квалитет. Со ракомет не сум завршил, би сакал да отворам ракометна школа овде во Скопје и сум во некои преговори, но засега е рано да зборуваме на таа тема“, вели Вугринец.
Локалот е отворен неколку дена и засега работи само во една смена.
извор: g-sport.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на предновогодишна прослава во Куманово: Пијан маж се тепал со гости, па го нападнал и обезбедувањето
-
Големото срце на Ноле: Ѓоковиќ отвора ресторан во кој ќе дели храна на бездомници
-
Летна во воздух ресторан во Албанија, над 20 повредени (ФОТО+ВИДЕО)
-
Грците казнуваат Македонци без фискална