| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на предновогодишна прослава во Куманово: Пијан маж се тепал со гости, па го нападнал и обезбедувањето

Гостин во алкохолизирана состојба кој бил отиден на предновогодишна прослава во познат ресторан во Куманово, предизивикал инцидент заради кој морале да интервенираат од агенцијата која го обезбедува ресторанот, а потоа и од кумановската полиција.

Во понеделникот, околу 22. 30 часот, била повикана патрола во објектот, откако вработените неуспешно се обиделе да ја смират тензијата која ја предизвикало проблематичното лице што со уште неколкумина било присутно во ресторанот на прослава.

Вработените во ресторанот побарале пијаниот гостин да го напушти објектот поради недолично однесување и физичка пресметка со друг гостин и побарале помош од патролното обезбедување за да биде отстранет од локалот. Сепак, тој одбивал да ја послуша наредбата на обезбедувањето, па во еден момент покрај вербалните закани и навредливи зборови, физички се нафрлил и врз нив.

Во меѓувреме поради настанатата ситуација, угостителите повикале полиција која го превзела лицето. Кумановската полиција направила записник заведувајќи го настанот како напад на овластено службено лице.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top