Рајан Гигс е хит во Манчестер, секако кај црвената страна на градот, кај симпатизерите на Јунајтед, а стартот на клупата на повеќекратниот шампион на Англија за легендата на клубот е победнички.
Под команда на Велшанецот, Манчестер јунајтед одигра одличен меч против Норич и победи со 4-0, па аналитичарите во Англија велат дека растат шансите Гигс да добие подолгорочна можност да биде менаџер на клубот од „Олд трафорд“.
– Луј ван Гал беше истакнат како најсериозен кандидат да го предводи Манчестер јунајтед од идната сезона, но Рајан Гигс нема да се откаже. Како го предводеше клубот против Норич, шансите му растат рапидно. Ако успее да ги добие трите меча до крајот на шампионатот, против Сандерленд, Хал и Саутемптон, Гигс веројатно ќе добие шанса од Управата на Јунајтед – пишува „Индепендент“.
На страната на Гигс се мнозинството навивачи на Манчестер јунајтед, а играчот со најмногу мечеви во историјата на „црвените ѓаволи“ е вистинско божество на клубот. Голманот Андерс Линдегард го најави како новиот Пеп Гвардиола.
– Тоа што го видовме на првиот негов меч како предводник на Манчестер јунајтед од клупата е фантастично. Можеби некому ќе му звучи премногу оптимистички, но јас велам дека го имаме новиот Гвардиола. Рајан одлично го подготви тактички тимот против Норич, а стилот на игра како да е копиран од сер Алекс Фергусон. Имаше премногу сличност за да биде случајно. Одлично си го испекол занаетот и, според мене, треба да добие шанса да биде менаџер на клубот од идната сезона – напиша на својот блог Линдегард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение