Стручњаците за енергија Џек Шарпл и Енди Џаџ во својата анализа за последиците од евентуалниот прекин на снабдување со гас преку коридорите што водат преку Украина тврдат дека Македонија и Бугарија ќе бидат двете земји што ќе имаат најголеми последици од ваквиот развој на настаните.
Шарпл и Џаџ велат дека иако ситуацијата, генерално, се портретира како европски проблем, ризикот за Западна Европа е минимален. Овој дел од стариот континент, како и земјите од Источна Европа, за разлика од Македонија и од Бугарија, нема да почувствуваат веднаш сериозна криза затоа што тие имаат доволно резерви од енергенти. Во анализата објавена на страницата на Лондонската школа за економија и за политички науки се вели дека и покрај тоа што зависноста на членките на ЕУ од рускиот гас е речиси две третини од секојдневните потреби, тие на почетокот на својата анализа објавена од престижната институција велат дека Македонија и источниот сосед ќе бидат најтешко погодени од евентуален прекин.
Тоа што Шарпл и Џаџ не го пишуваат во анализата е дека зависноста на Македонија од рускиот гас на кратки и на среднорочни патеки е речиси минимална, а во исто време и двете земји имаат соодветни капацитети за складирање и за набавка на енергенти од поинаква природа.
(Текст објавен во 85. број на неделникот „Република“, 18.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.