„Џонсон контролс“ објави дека потпиша договор да го продаде својот бизнис во автомобилската електроника на „Вистеон корпорејшн“ за 265 милиони долари. Во пакетот е влезена и фабриката во Македонија.
– Ние сме задоволни со овој договор. Корпорацијата „Вистеон“ одговара за бизнисот и ќе обезбеди соодветно ниво на посветеност и ќе обезбеди долгорочна вредност за нашите клиенти и вработени – изјави Алекс Молинароли, претседател и извршен директор на „Џонсон контролс“.
„Вистеон“ е, исто така, глобален добавувач на електроника за автомобилски компании и вработува 22.000 луѓе во 29 земји. Со овој договор „Вистеон“ ги презема и фабрики на „Џонсон контролс“ и во Македонија, САД, Бразил, Словачка, Тунис, Франција, Бугарија и три фабрики во Германија.
Извор: МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Џонсон контролс“: И покрај политичката криза се одлучивме за инвестиција во нова фабрика во Македонија
-
Мизо: Странските инвестиции се позитивен сигнал за Македонија
-
„Џонсон контролс“ почнува изградба на фабрика во Струмица
-
Груевски објави: Џонсон Контролс ќе гради втора фабрика, нови 1.500 работни места