Девојчето со сериозни повреди на главата и на окото, откако добило прва медицинска помош во гостиварската болница, е префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.
Настанот во полиција вчера попладне го пријавиле лекарите од Општата болница во Гостивар, каде што биле констатирани тешки телесни повреди.
Од СВР Тетово го потврдија случајот и по извршениот увид, работат на расветлување на поединостите под кои настанал нападот, каде и како точно кучето го нападнало девојчето.
Во последниов месец ова е втор случај на напад на куче врз дете во Гостиварско, кој завршил со посериозни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



