Во истиот момент кога се појави веста дека Дејвид Мојес е дефинитивно отпуштен од Манчестер Јунајтед, медиумите почнаа да шпекулираат дека за негов наследник би можел да дојде тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп.
Меѓутоа младиот германски стратег демантираше дека ќе го напушти „Вестфален“, исто како и пред неколку дена кога се појави веста дека тој би можел да ја преземе Барселона.
– Манчестер Јунајтед е голем клуб за кого играат одлични фудбалери, но јас сум посветен на работата во Борусија и мојот однос со луѓетo тука е нераскинлив – изјави Клоп.
Покрај Клоп, медиумите за нов менаџер на „црвените-ѓаволи“ ги кандидираа Луј Ван Гал и Диего Симеоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


