| четврток, 6 декември 2018 |

Данска – најбезбедна земја во светот, Македонија на 79. место

данска

Данска е најмирна земја во светот, а Македонија е на 79. место, покажаа резултатите на Глобалниот индекс за мир на Институтот за економија и мир (ИЕП) кој собира резултати од 162 земји. Ранг-листата се создава врз основа на бројни параметри – степен на криминал, однос со соседни земји, терористички напади, број на самоубиства на 100.000 луѓе, а предвид се зема и атомското оружје.

Во регионот, најбезбедно за живеење е во Хрватска, која се наоѓа на 28. место, а потоа следат Србија (62), Босна и Херцеговина (71), Црна Гора (73)…

По региони и контитенти, меѓу првите 20 земји кои се најбезбедни 13 се европски, така што може да се заклучи дека Стариот континент е најбезбедно место за живот.

Во првите десет земји се: Данска, Норвешка, Сингапур, Словенија, Шведска, Исланд, Белгија, Чешка, Швајцарија и Јапонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top