| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов со поддршка надвор од теренот: Три честитки – за Велигден, за Лазаров и за целиот тим

Vardar-Wacker-Thun-18

Ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец Стојанче Стоилов, поради повредата на коленото на реванш натпреварот против Хамбург, во осминафиналето од ЛШ, денеска не е во можност да им помогне на своите колеги од тимот. Иако тој остана во Скопје, тоа не беше причина да изрази голема поддршка за нивниот настап на денешниот натпревар.

Денеска сакам да честитам 3 работи. Најпрво Честит Велгиден на сите граѓани на Македонија, исполнет со здравје, среќа и љубов. Втората честитка ја упатувам до нашиот капитен, на кого му посакувам исполнување на сите соништа. А третата честитка, се надевам дека ќе можам да ја упатам денес на целиот мој тим кој ќе се бори на теренот во Германија.

Пикерот во составот на Вардар е свесен за моќта на Бундеслигашот и најавува тежок натпревар за“црвено-црните” во “Фленс-Арената”.

Сите знаеме кои се Фленсбург. Toa e екипа која се наоѓа на третата позиција во Бундеслигата со еден бод помалку од лидерот, и повеќе не треба ништо да се кажува. Сите бевме сведоци како поминаа екипите кои што имаа противник од Германија, во оваа фаза од елитното натпреварување. Но и Вардар од натпревар во натпревар несомнено покажува дека е се подобар. Ги поддржувам максимално моите момци денес, и се надевам дека резултатот кој ќе го донесеме од таму ќе биде позитивен, односно ќе имаме реални шанси за пласман во најдобрата четворка во Европа – изјави Стоилов.

Извор: РК Вардар

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top