Владимир Петриќ, нема да игра на вечерашниот натпревар против Фленсбург. Според официјалната веб-страница на клубот, искусниот десен бек повторно се пожалил на болки во левото рамо, здобиена за време на последниот тренинг што црвено-црните синоќа го одржале во „Фленс-Арената“. Лекарскиот тим на Вардар констатирал дека Петриќ нема да може да настапи на оваа средба, а должината на неговото отсуство од терените ќе се знае по враќањето во Скопје.
Натпреварот Фленсбург – Вардар почнува вечерва во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.