Никола Попоски, носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6 денеска ги посети стопанските објекти во Тетово. Во рамките на својата посета, тој оствари средби во компапиите „Edtko Fashion“, „ Санлес“, „Агропал Компани“, „Ди Симоне“ и „Фанди“ каде што се сретна со сопствениците и вработените.
Во продолжение на посетата, Попоски оствари средби занаетчиите од Тетово во нивното Здружение.
Во текот на денот, Попоски се сретна со граѓани на Тетово при што ги промовираше проектите од програмата 2014-2018 – „Проверено”.
– Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги поддржува земјоделците на Република Македонија, а во тој правец е и проектот “Пакети за поддршка на инвестициски проекти за започнување на земјоделски бизниси со кофинансирање на 90% од трошоците и реструктуирање на земјоделски бизниси со кофинансирање на 70% од трошоците” – изјави Попоски.
– За спроведување на инвестицискиот план во земјоделството потребни се повеќе чекори кои како мерки на поддршка и сега се овозможени во програмите за рурален развој. Сепак поединечниот начин на аплицирање по секоја од тие мерки е комплициран и често неусогласен со динамиката на спроведување на инвестицијата. Затоа ќе воведеме нов начин на спроведување на поддршката за инвестициските идеи на земјоделците, и тоа за започнување нов бизнис или преминување на стопанство во категорија од поголем обем на производство. За граѓаните кои имаат интерес и минимални услови за започнување со земјоделски бизнис, како и за земјоделските стопанства кои имаат одредена големина на производен капацитет (земјиште или грла добиток) доволен за понатамошен развој, ќе бидат обезбедни пакети на поддршка дизајнирани посебно според конкретниот инвестициски проект. Пакетот на поддршка ќе зависи од потребите идентификувани во инвестицискиот план и ќе опфаќа комбинација од постоечките мерки на поддршка на инвестициите (набавка на опрема, механизација и живи животни, реконструкција или проширување на одгледувачки објекти итн. до покривање на трошоци за регистрирање на претпријатие). Пакетот на поддршка задолжително ќе вклучува обезбеден континуиран советодавен надзор во сите фази од инвестирањето. После периодот на поддршка на реструктуирањето, стопанството треба да премине од пониската категорија според големина на производните капацитети во повисока развојна категорија. Поддршката за започнување на земјоделски бизнис ќе се овозможи со кофинансирање во висина од 90% на трошоците, а за реструктуирањето на стопанствата кофинансирањето на трошоците ќе биде 70%. Инвестицискиот пакет ќе се однесува на корисник со старост до 50 години – рече Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.