Опозициските експерти и новинари очигледно незадоволни од изборниот резултат, според кој доживеаа катастрофален пораз во првиот круг од претседателските избори со повеќе од 120.000 гласови разлика, па незадоволството, гневот и омразата кај опозицијата резултира со навреди кон мнозинството на граѓани, кои својот глас го дадоа за Ѓорге Иванов.
Последна во низата на лица блиски до опозицијата која ги навредува граѓаните е новинарката Јадранка Костова, уредник на соросовиот „Фокус“.
Костова во колумна објавена во „Фокус“ поддржувачите на Иванов и Груевски ги нарекува “ситни души“.
-Сакам да кажам дека груевци одлично го апсолвирале профилот на просечниот македонски гласач- како можеш да купуваш гласови и души, и тоа на ситно. Црвенковски ја почна кариерата со неговата фамозна реплика: „Со ситни души не се прави држава“. Но, Груевски соозна како, условно речено, со „ситни души“ може долговечно да владее! На ситно, де, за 500 денари, за државна плата макар минимална, за простени долгови… Ситните души, пак, не ја гледаат крупната слика- каде не’ води оваа политика – пишува Костова.
Уредничката на „Фокус“ е само последната во низата на оние кои отворено ја поддржуваат политиката на СДСМ да ги навредуваат мнозинството на граѓани кои својот глас го дадоа за Иванов. Претходно, Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека гласачите на Иванов имале ниско ниво на интелигенција, додека самиот Пендаровски брутално го навреди поддржувачите на неговиот противкандидат, нарекувајќи ги “стока“.
И официјалната фан страна на Пендаровски на „Фејсбук“ е преполна со коментари кои повикуваат на насилство и говор на омраза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скопјенец поминал на црвено во Бутел, кога го застанале ги навредувал и омаловажувал полицајците
-
Еден Азар: Рано е за разговори за нов договор, сега сум фокусиран само на крајот на сезоната
-
Роналдо може да не игра на ел класико поради навреди кон судијата на градското дерби?! (видео)
-
Престанете, навистина престанете да го употребувате тој збор на „Р”