| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјенец поминал на црвено во Бутел, кога го застанале ги навредувал и омаловажувал полицајците

На 29.01.2018 година во 02.30 часот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје, поради сообраќаен прекршок (поминување на црвено светло на семафор), двајца полициски службеници сопреле патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (25) од Скопје.

Додека едниот полициски службеник го пополнувал записникот, Е.С. почнал да ги навредува и омаловажува полициските службеници со непристојни и погрдни зборови. На истиот му биле поднесени пријави по член 44/5 – 218/4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top