| четврток, 6 декември 2018 |

Престанете, навистина престанете да го употребувате тој збор на „Р”

Долго, предолго тој збор се користи во целосно погрешен контекст. Го користиме за да опишеме и потенцираме нешто што е лошо и глупаво. Веројатно нема човек кој не го изговорил, во сленг, со погрешна намера, а притоа да не помисли дека прави нешто многу, многу лошо.

За да го исправат тоа покрената е кампања Spread The Word To End The Word со цел луѓето во светот да престанат да го користат тој збор, бидејќи тој има свое вистинско значење, а користејќи го во толку погрешен контекст вознемирува, налутува и омаловажува повеќе од кој било изречен збор или нешто направено.

Како би се чувствувале ако некој ве праша дали сте ретардирани?

„Имам дислексија и не сум виновен што читањето и пишувањето не ми одат многу од рака. Но, мојот татко тоа некогаш не го разбира. Го знам тоа бидејќи порано многу често се лутеше на секоја моја грешка и никогаш не пропушташе да ме праша дали сум ретардиран? Го користеше тој збор како оружје против мене, за да помислам дека сум помалку вреден од него. Се уште тоа го мислам”.

„Никогаш нема да го заборавам тој ден кога заедно со помалиот брат и мајка ми се враќавме дома од училиште. Брат ми беше тажен и замислен и ја праша мама: Мамо, дали сум ретардиран? Никогаш нема да ја заборавам таа тага во неговите очи и таа беспомошност која во тој момент ја почувствував, бидејќи ни јас ни мајка ми не знаевме во моментот како да му одговориме. Какви се тие деца кои се во состојба да кажат нешто такво, не размислувајќи колкава рана тоа ќе остави на неговото мало срце”.

Тоа е само мал дел од реалните искуства на децата кои почуствувале болка од тој погрешно искажан збор, па поради тоа ако некогаш некого слушнете да се обраќа на некое дете со тој збор, застанете и замолете го никогаш повеќе да не го изговори. Тоа нека биде ваш мал придонес на оваа голема светска кампања.

Можеби сте од тие кои некого директно ќе го навредат со зборот ретардиран, но тоа не се однесува само на директна навреда. Често може да се слушнат фрази како – „Тоа е толку ретардирано”, „Баш сум ретардиран”, „Немој да бидеш ретардиран”. Па дури и „не биди глупав” спаѓа во тој поим на говор на омраза со кој често несвесно кршиме и најсилни карактери. Посебно детските.

Со оглед на тоа дека зборот стана толку погрешно врежен во колоквијалниот говор, дури е исфрлен и од официјалната дефиниција на лице со ментални нарушувања и затоа светот сега бара целосно да се исфрли од нашите речници. Усмени и писмени.

Бидејќи тој збор боли, напаѓа, понижува, остава траги, поттикнува повлекување во себе, го зголемува говорот на омраза, лаже, занемарува, намерно упропастува.

Дури ни лица кои имаат одредени ментални нарушувања, поради болести или несреќи, на децата родени со Даунов синдром кои навистина не заслужуваат да се нарекуваат со тој збор.

Направете услуга на себе и на светот – исфрлете го тој збор засекогаш!

Извор: индекс.хр

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top