| четврток, 6 декември 2018 |

Еден Азар: Рано е за разговори за нов договор, сега сум фокусиран само на крајот на сезоната

eden azar

Еден Азар, најдобриот фудбалер на Антонио Конте и Челси открива дека е пререано да се започнат разговори за нов договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“. Веќе е познато дека голем број на европски гиганти го посакуваат Белгиецот во своите редови, па затоа раководството на „сините“ не сака да чека и подготвил неверојатна понуда од 300.000 фунти неделна плата.

– Не сакам да зборувам, ниту да размислувам за разговори за нов договор. Сега сум фокусиран на последниот месец од сезоната, а дури потоа може да се отвори тоа прашање. Имам уште неколку години од постоечкиот договор, така што сега сакам сезоната да заврши како што посакувавме, па подоцна ќе видиме што ќе се случи – вели Белгиецот.

Актуелниот договор на Азар истекува по завршувањето на сезоната 2018/19, па доколку Абрамович сака и во иднина да се радува на головите на Белгиецот, ќе мора најдоцна до крајот на идната сезона да го реши статусот со својот најдобар фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top