| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски чекор поблиску до кам-бек во националниот дрес

Алеш Пипан ја размрда македонската кошарка, одлично го предводи МЗТ Скопје во АБА-лигата, а според информациите што ги пренесува спортскиот портал „Екипа“, веројатно успешно минал и обидот на Словенецот да го врати во репрезентацијата Владо Илиевски.

„ Илиевски не дал конечен одговор, но работите се движат во тој правец, нашиот херој од дуелот со Литванија повторно да го облече дресот на репрезентацијата“ објави „Екипа“.

Пипан од неодамна стана и селектор на македонската репрезентација и ќе не предводи во неговата родна земја, Словенија, на ЕП 2013.

Кам-бекот на Илиевски во националниот дрес се уште не може да се потврди со сигурност.

Бекот на Цедевита не настапи за клубот од Загреб против МЗТ Скопје, вчера, во меч од АБА-лигата што нашиот шампион го доби со 80-78, но разговори со Пипан, на тема „враќање на Илиевски во националната репрезентација“, со сигурност имало.

Македонија во септември ќе настапи на ЕП во Словенија, земја во која живее Илиевски.

Нашата репрезентација ќе игра во Јесенице, во групата Б, заедно со Србија, Црна Гора, БиХ, Литванија и Летонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top