| четврток, 6 декември 2018 |

Кол центар на фудбалерите на Фулам, Ви благодариме што купивте сезонски билет

Фудбалерите на Фулам најдоа мошне креативен начин да им се заблагодарат за поддршката на своите симпатизери, патем и да им се извинат за лошите игри во Премиерлигата, со повик до сите навивачи што имаат сезонаски билет.

„Добар ден, Бред Хагеланд е на телефон. Ви благодарам што купивте сезонски билет за натпреварите на Фулам и за поддршката што ни ја давате на натпреварите од Премиерлигата“. Отприлика вака звучи конверзацијата од кол-центарот на Фулам, меѓу фудбалерите и навивачите.

Моделот е одличен, веројатно применлив и во македонскиот фудбал, но кај нас ретко кој тим продава сезонски билети, а и кај тие што се одлучија на ваков чекор, продажбата оди многу слабо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top