Чудесен пресврт се случи кај Вејн Руни, а фотографиите што ги објавија британските медиуми покажуваат дека „лошото момче“ на Манчестер јунајтед и на англискиот фудбал станалo модел за примерно однесување.
Руни е фотографиран како се прибира од еден ресторан во Манчестер во пристојно време, и тоа само еден ден откако трилингот „црвени ѓаволи“, Јанг, Клеверли и Велбек, во алкохолизирана состојба беа фатени на дело низ дискотеките во градот.
Однесувањето на Руни во минатото беше проблематично и за реномираниот клуб и за англиската репрезентација. Инцидентите се зад него, а Вејн сега е пример за помладите соиграчи од Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение






