Напаѓачот на Атлетико Мадрид Бразилецот со шпански пасош Диего Коста ова лето ќе ги засили редовите на Челси.
Како што наведуваат англиските медиуми раководството на сините од Лондон ги договорило условите со челниците на Атлетико Мадрид.
Договорот треба да биде потпишан до 30 јуни. Со доведувањето на Коста во Челси тренерот Жозе Мурињо треба да ги реши сите проблеми во нападот. Оваа сезона протугалецот не беше задоволен од учинокот од Торес, Ето и Демба Ба. Со овој трансфер речиси сигурно е заминувањето на Фернандо Торес кој се чини дека би можел да се врати назад во Атлетико во својот матичен клуб.
Коста за „јорганџиите“ оваа сезона има постигнато вкупно 34 гола во сите натпреварувања.
Челси и Атлетико Мадрид ќе играат во полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот меч е закажан за 22 април додека реваншот се игра на 30 април на Стенфорд Бриџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.