| четврток, 6 декември 2018 |

Каменуван автобус – повредена жена

kamenuvan-avtobus

Дваесет и седум годишната Р.С. од скопско Зелениково вчера пријавила дека на 16-ти околу 21 часот во Скопје во близина на населбата Пинтија бил каменуван автобус на ЈСП.

Додека девојката се возела во автобус со бр. 67, во еден момент од страна на непознати лица биле фрлени камења кон автобусот, при што дошло до кршење на стаклото од прозорот, а од парчињата стакло и биле нанесени повреди на Р.С. во пределот на лицето.

На истата и е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје, а се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top