| четврток, 6 декември 2018 |

Залутан куршум повредил жена во нејзиниот дом

Вчеравечер во 22.30 часот во с.Лабуништа-Струга во дворот од семејната куќа С.А., откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје, се пожалила на болка во главата бидејќи нешто силно ја удрило. Кога истата се допрела забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и проектилот со кој што била погодена.

На истата и е укажана лекарска помош во струшката болница, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа на струшката полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top