| четврток, 6 декември 2018 |

Функционер на СДСМ од Прилеп прегазил жена: Заташкуваат тешка сообраќајка и ја притискаат жртвата да молчи

 

Читател од Прилеп до порталот Инфомакс испратил потресно сведоштво за сообраќајна незгода која се случила минатата недела, во која според него учествувал и локален функционер на СДСМ. Ова е дописот пренесен во целост:

– Да се обратам до вас со писмо одлучив затоа што последниве неколку дена имам немир во себе. Немир предизвикан од немила случка на која јас и неколкумина мои сограѓани бевме сведоци. А, немирот кој го чувствувам беше разгорен со тоа што слушав, читав за убиството на младиот фудбалер Мартин.
Сега да се навратам и на целта на ова писмо. На 30.10.2017 бев сведок на сообраќајка во која кола која возеше со прилично голема брзина удри жена која со нејзината пријателка си разговараше на тротоар на уличка во близина на Поликлиниката „Алтеа“ во Прилеп. Одкако удри во жената, шоферот не застана. Со чкрипење со гумите замина кога неколку комшии и поминувачи почнаа да викаат: Застанете го! Заради тоа што излезе на улица на која имаше многу раздвижени возила шоферот мораше да застане и излезе. Шоферот всушност беше шефот на кабинет (барем како што се зборува низ прилепската чаршија) на новиот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, М. Т. Инаку М. Т. е познат новинар, а во последно време и борец за човекови права. Учесник во шарената револуција. Новинар во Цивил и порталот Сакам да кажам. Ама најново, вдомена како и сите шарени во локалната самоуправа Прилеп.

– Но, тоа не е ни битно. Од кога ја видов оваа сообраќајка редовно секој ден го проверувам билтенот на МВР. Ни трага, ни глас од оваа случка. А во сите овие денови жената која е удрена со колата лежела во Прилепската болница. Од тоа што се слуша од вработените во болницата, повредената жена е редовно посетувана од М.Т., од градоначалникот и од неколку вработени во болницата во која до вчера беше директор токму Јованоски. Она што посебно иритира е што се кажува дека овие посетители вршат притисок на повредената да не презема никакви мерки против возачот кој ја удри. На повредената наводно и се изгубени снимките и неколку дена не може никој да ги најде и не и даваат никакви документи.

П.С. Не само што возеше со голема брзина, ами и колата не и била регистрирана.
П.С. До кога луѓето кои се блиски до функционерите ќе се однесуваат насилнички и до кога за нив нема да важат закони како и за останатите граѓани на оваа држава? А уште повеќе иритира што ваквите луѓе немаат ништо човечно во себе. Доказ за тоа беше фотографијата која ја видов по порталите на која се гледаат виновниците пресреќни, во славење.

Се надевам ќе го објавите ова мое писмо.
Разочаран Прилепчанец

За истиот случај преку својот Фејсбук профил реагираше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антониот Милошоски кој исто така вели дека жената била под притисок да молчи…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top